Актуелниот светски првак Аргентина ќе игра во група со Чиле, Перу и победникот од плејофот во групата А на Копа Америка 2024, одлучи денешната жрепка во Мајами.
Чиле два пати триумфираше над Аргентина во финалињата во Копа Америка – во 2015 година, 4-1 на пенали и во 2016 година, исто така на пенали 4-2.
Канада или Тринидад и Тобаго, кои ќе играат во мартовскиот плејоф, ќе ја пополнат групата А во која Аргентина, предводена од Лионел Меси, е прв фаворит.
Мексико, Еквадор и Венецуела ја сочинуваат групата Б во која ќе им се приклучи победникот од плејофот меѓу Костарика и Хондурас.
Уругвај е во групата Ц заедно со САД, Панама и Боливија, додека во групата Д се Бразил, Колумбија, Парагвај и Јамајка.
Копа Америка 2024 ќе се одржи од 20 јуни до 16 јули во САД.
Воведниот натпревар ќе се игра во Атланта, а финалето во Мајами.