Почна изградба на затворен базен на локацијата на поранешна „Ла Луна", информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

- Инвеститор на проектот е Агенција за млади и спорт во соработка со Локална самоуправа на Општина Кавадарци. Голема благодарност до директорот Наумче Мојсовски за реализацијата на овој значаен проект што е од големо значење за нашата општина, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.

Станува збор за инвестиција во висина од педесетина милиони денари.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на крајот од август месец, рече дека Кавадарци е еден од најспортските македонски градови. Тој се заблагодари на Владата за обезбедените средства за овој капитален проект.

Задоволство тогаш изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

- После долго време, си останавме на зборот и ние како општина и Владата заедно со пратениците од Кавадарци и директорот на Агенцијата, на оваа прекрасна локација која претходно општината ја предвиди за јавна намена, рече градоначалникот, заблагодарувајќи се на Владата, пратениците од Кавадарци и на Мојсовски.

Кавадарци е еден од ретките примери, нагласи Јанчев, што покажува дека има добра соработка меѓу локалната и централната власт, во интерес на сите, а тој пример треба да го следат и другите



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2023 15:47