Белгија, Германија и Холандија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција во 2027 година, објавија денеска фудбалските федерации на трите земји.

Интерес за организација на женскиот фудбалски Мундијал 2027 претходно изразија и Бразил, а во заедничка кандидатура и САД со Мексико.

Јужна Африка, исто така, поднесе кандидатура, но истата ја повлече минатиот месец, порачувајќи оти сака да достави многу подобра кандидатура за организација на Мундијалот во 2031 година.

ФИФА во мај идната година ќе одлучи која кандидатура ќе ја прифати за организација на Светското првенство 2027.

Женскиот фудбалски Мундијал оваа година заедно го организираа Австралија и Нов Зеланд, а во финалето Шпанија ја совлада Англија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/12/2023 05:06