Струмица денеска и утре го празнува Денот на заштитиниците на градот-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Одбележувањето почнува попладне со Вечерна богослужба, а утре со Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет во истоимената манастирска црква.

Утре ќе се одржи и свечена седница на Советот на Општина Струмица, на која за значењето на празникот ќе говори градоначалникот Костадин Костадинов. Покрај тоа, ќе бидат доделени и традиционалните годишни награди и награда за животно дело на истакнати поединци и организации за 2023 година.

Инаку, заради непречено чествување на празникот денеска и утре Општината воведе посебен режим на сообраќајот по улиците кои водат до црквата Свети петнаесет



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2023 15:53