Ромскиот театар „Арена“ од Пула со претставата „Конобари“, синоќа на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов“ – Џинот во Велес го отвоори 20. јубилеен Ромски театарски фестивал „Garavde Muja“ или во превод „Скриени лица“.

Фетивалот го органзира Здружението на љубители на Ромска фолклорна уметност „Романи Ило“ од Скопје со финансиска поддршка од Министерството за култура, во соработка со велешкиот театар и ООУ„Браќа Рамиз и Хамид“од Скопје.

Во претставата „Конобари“ беше претставена дискриминација кон Ромите. Автор и сценарист на претставата „Конобари“ е Бурхан Хусеин, а режисер и еден од главните актери во неа е Вели Хусеини. Во разговорот за МИА тој појаснува дека целта преку претставата е да упатат порака кон сите за надминување на стереотипите кон Ромите.

-Во претставата е прикажан нашиот живот, како ние го чувствуваме. Целта ни е да упатиме јасна порака таа дискриминација кон Ромите целосно да ја нема. Ние поминавме 1100 километри пат од Пула до Велес, и во Македонија преку оваа претстава да го прикажеме животот на Ромите и да упатиме порака да се надминат дискриминацијата и стеротипите кон нас, порача Хусеин.

Тој информира дека тие во Пула се една од настарите ромски организации во Република Хрватска и се членка на Сојузот на Ромски организации „Кали Сара“ , која обединува над 100 ромски организации во оваа земја, а чиј претстадател е Вељко Катази. Тој е иницијатор на одбележување на два значајни датуми за Ромите во Хрватска и светот, а тоа е Светскиот ден на ромскиот јазик - 5 ноември, кој е воведен и во УНЕСКО, а го одбележуваат голем број на држави во светот.

-Овој ден е многу важен бидејќи ако една нација нема свој јазик, нема и свој идентитет. Во таа насока е изработен и Ромско - Хрватскиот речник и обратно, рече Хусеини.

Даниел Петровски кој по националност е Ром и кој пишува книги и одржува предавања на факултетите во Европа воедно и режира а одлично соработува со овој хрватски театар и други ромски здруженија во Хрватска и други земји за МИА, појаснува дека стереотипи и предрасуди кон Ромите за жал имало и ќе има. Тој потенцира дека тука е и неговата и заложбата на останатите Роми интелектуалци и ромски здруженија во земјава и светот за што е можно помалку да се употребуваат такви зборови, ставови и мислења кон Ромите и надминување на предрасудите.

-Ромската заедница не е поинаква од останатите народи. За жал велат Ромите се маргинализирана заедница, а се прашувам кој направил тие да бидат маргинализирана. Ако веќе е таква зошто не се интегрираат и се третираат како народ од прв ред. Зошто секогаш за нив мора да се прават стратегии, акциони планови, инклузии ако веќе сакаме да ги интегрираме.Тоа се прави на најлесен начин да им се даде тоа што им недостасува да им се даде ромски институции и образование каде ќе може да учат и за својот јазик и култура, потенцира Петровски.

Бранислав Петровски претседател на Здружението на љубители на Ромска фолклорна уметност „Романо Ило“ од Скопје, кој по 20 јубилеен пат го организира овој фестивал за МИА информира дека нивната цел не е само да се прикажан претстави, туку главна заложба на нивното здружение е преку театарот да испратат една јасна порака до македонската Влада и сите надлежни министерства и до граѓаните Роми и ромските политичари да се има слух и разбирање кон нивниот ромски јазик и богатиот ромски фолклор, традицијата и обичаите и да им помогнат во нивнита заложби.

-Ние преку театарската сцена се обидуваме да ги мотивираме нашите деца Роми да ја засакаат театарската уметност,културата, традицијата и обичаите. Клучот за подобар живот на секој граѓанин е образованието. Бареме преку образованието кај нашите деца да се развива овој културен процес. Да ги најдеме децата Роми кои се талентираме и да им дадеме шанса да се едуцира и да го промовира својот талент и да заврши академија. Паралелно да се отвори и Ромски театар и други институции и канцеларии за Ромите. Воедно овој наш став ние ќе го промовираме и на денешната средба во Владата, информира Петровски. Во рамките на 20. Ромски фестивал „Garavde Muja“ кој денеска продолжува во Скопје, тие во простории на Владата на Северна Македонија ќе одржат конференција на тема „Развој на ромската култура во Северна Македонија – проблеми и предизвици“, а актерката Санела Емин ќе го одржи монологот „Каде Сме“. Вечерва фестивалот продолжува во 18:30 часот во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во населбата Шуто Оризари во Скопје, каде ќе се одржи претставата „Кале дрома“ или во превод „Црни патишта“ на Театарит „Романо Ило“ од Северна Македонија, чиј автор и режисер е Даниел Петровски. Веднаш потоа свој настап ќе имаат и гостите од Тетарот „Суно е Роменго“ од Србија со претствата „Јерма“. Инаку, синоќа на малата сцена во театарот во Велес организаторите претставија и неколку ученици Роми кои веќе имале успешни театарски улоги. Целта е, како што потенцираа тие, да се формира Ромски театар кој постојано ќе се надополнува со млади таленти Роми. Воедно на една младата интелектуалка студентка Ромка од Велес која со свои идеи се вклучи во претставата, гостите од Ромското здружение и театар Арена од Пула, Хрватска и подарија ромско - хрватски речник и и дадоа задолжение да иницира и организира соработка помеѓу младите Роми од Велес и Северна Македонија со младите Роми од Хрватска и пошироко. На крајот настанот во Велес синоќа заврши со заедничко оро на актерите и публиката на популарна ромска музика. Бранислав Петровски информира дека пред една година издаден е и Ромско - Македонски речник и обратно.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2023 21:40