- Тренерот на Барселона, Чави, го има вториот најмал процент на победи од сите каталонски тренери во последните 15 години, објави новинарот Фран Мартинез.

Процентот на победа на Барселона под водство на 43-годишниот Шпанец е 62,16. Тој е само пред претходниот тренер на Каталонците, Роналд Куман (58,2 отсто).

Барселона по 16 кола е трета во шпанската Ла Лига со 34 бода. Синоќа актуелниот шпански фудбалски шампион загуби на домашен терен од Жирона (2:4).

Чави ја предводи Барселона од ноември 2021 година. Под негово водство тимот одигра 111 натпревари, 70 победи, има 19 нерешени и 22 пораза.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2023 23:47