- Општина Битола објави јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници, а со цел збогатување на понудата на јавни содржини во општината по повод дочекот на Новата 2024 година – „Зимска приказна“.
Годинава „Зимската приказна“ на иницијатива на Локалниот економско социјален совет, покрај кај Офицерскиот дом, ќе биде насочена и кон Старата битолска чаршија, со цел понуда на културно забавни содржини за сите генерации.
Аплицирањето на јавниот повик за програмскиот дел на „Зимска приказна“ е електронски, со доставување на апликација за учество, а сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да дадат поддршка за успешност и креативен раст на идејата за предновогодишна туристичка промоција на Битола, може да ја контактираат Општина Битола.
-Понудените музичко сценски содржини, концертни настапи или други креативни идеи, за да станат дел од „Зимска приказна“, потребно е да бидат во согласност со квалитативните критериуми на општината дефинирани за оваа програма, додека техничко организационите и промотивните активности ќе бидат обврска на Општина Битола, соопштија од тамопната локална самоуправа.