Многу „интересно“ како в.д. премиеров чита „селективно“!

Имено, т.н. „техничка влада“ за организација и спроведување на изборите е регулирана во глава XIII од Законот за Владата на Република Македонија.

Спорно во неговите изјави (покрај се останато штом уста отвори) е тоа што главата XIII започнува со член 43 кој Ковачевски „го игнорира“.

Во членот 43 е наведено:

„Сто дена пред одржување на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број на пратеници во Собранието“.

Ковачевски, која е партијата со најголем број пратеници во Собранието?



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2023 03:22