Перспективниот српски фудбалски стратег Бојан Круљ е назначен денеска за нов тренер на македoнскиот прволигаш Брера Струмица.

Круљ (36) доаѓа на местото на Италијанецот Џовани Валенти кој пред една недела спогодбено ја раскина соработката со струмичкиот клуб, откако не ги постигна очекуваните резултати и во есенскиот дел од сезоната му донесе на клубот 20. бодови на 18. натпревари, доволни за 9. место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

„Моите први впечатоци се одлични. Она што беше привлечно за мене беше мултинационалниот проект „Брера“ што Горан ми го презентираше и тоа ме привлече да дојдам во мак фудбалот и да оствариме добри резултати. Во разговор со претседателот на клубот Горан Пандев, целта ни е да се обезбеди подобар пласман на табелата. Екипата има потенцијал но она што е важно дека мора да играме натпреварувачки и да остваруваме и добри резултати. Имаме план за нови засилувања кои се потребни за следната сезона“, рече во првата своја изјава Круљ.

Во кариерата Круљ беше асистент во српските прволигаши Инџија и Вождовац, по што ги предводеше белградски ИМТ и Рудар од Приједор.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2023 04:51