Големото дерби во белгискиот фудбал меѓу екипите на Андерлехт и Стандард до крајот на сезоната 2025 ќе се играат без присуство на гостински навивачи поради бројните инциденти што се случија изминатите месеци, соопштија денеска двата белгиски прволигаши.
„Изминатите шест години „класико“ беше прекинуван четири пати, истакнаа во заедничкото соопштение Андерлехт и Стандард, кои поради инциденти редовно се казнувани од Фудбалската федерација на Белгија. Во два случаи дерби пресметките меѓу Андерлехт и Стандард воопшто не продолжија по прекинот.
Последниот инцидент меѓу двете екипи се случи минатиот четврток во рамки на осминафиналето во купот на Белгија, кога навивачите од двете страни дивееја на стадионот „Лото Парк“, кршејќи столчиња и користејќи пиротехнички средства.
„Тоа што требаше да биде еден од големите моменти на белгискиот фудбал, често пати последните години беше големо разочарување за љубителите на спортот“, наведоа Андерлехт и Стандард, додавајќи оти се свесни оти со одлуката ги казнуваат и самите навивачи