Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен е прогласен за најдобар африкански играч за 2023 година. Церемонијата на доделување се одржа синоќа во Маракеш (Мароко).
Во конкуренција за наградата беа и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах и дефанзивецот на ПСЖ, Ахраф Хакими.
За најдобар тренер е прогласен Валид Реграги, кој го предводеше Мароко до полуфиналето на Светското првенство во Катар 2023 година.
За најдобар голман беше прогласен Мароканецот Јасин Буну од Ал Хилал.
Осимен минатата сезона одигра 39 натпревари за Наполи, постигна 31 гол и пет асистенции. 24-годишниот Нигериец им помогна на Наполитанците да ја освојат Серија А.
Во 2022 година наградата за најдобар играч на годината ја доби Садио Мане (Сенегал).