Оливер Спасовски излажа за два клучни моменти во истрагата за исчезнувањето и убиството на велешанецот Панче и малата Вања.

Прво, возилото на велешанецот Панче било уредно пријавено од страна на семејството кога го пријавиле и исчезнувањето. Оливер Спасовски пред целата јавност манипулираше дека немало пријава за исчезнато возило. Вистината е дека возилото Цитроен било пријавено неколку дена пред киднапирањето на Вања и доколку навремено реагирале институциите до второто кривично дело немало да дојде.

Второ, тоа возило Цитроен било возено низ Скопје од 24 ноември. Било “фатено“ на снимките на Сејф Сити и на 24 и на 25 ноември во околината на населбата Маџари, па дури и на кобниот ден 27 ноември во најобезбедуваниот периметар во Скопје и регионот, околината на хотелот Александар Палас.

Спасовски ја излажа јавноста и кажа дека возилото не било регистрирано на системот се до денот кога се случило киднапирањето на малата Вања. Ако по возилото се трагало и ако било евидентирано соодветно од системот на МВР, киднаперите ќе биле фатени уште кога стапнале во Скопје.

Чуму е таа потреба на Спасовски да лаже? Дали овие лаги имаат за цел да ги покријат грешките и пропустите во истрагата? Дали Спасовски мисли дека со невистини ќе ја замајува јавноста за да не се види дека неказнивоста и лошата реакција на институциите во комбинација се причината за трагичното двојно убиство.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2023 14:24