Во Културно информативниот центар во Скопје (КИЦ) вечер почнува фестивал на класична и нова музика „Фестивал во 19:19“. Во рамки на програмата, ќе настапат дуо „Гелебешеви“, дуо „Вејсели/Бафтијари“ и Аmplidyne effect & Аxiotomic.
„Фестивал во 19:19“ е нов проект на КИЦ, чија тенденција е да прерасне во традиција. Станува збор за фестивал на класична и нова музика, сѐ она што стилски опфаќа музичкиот сектор на центарот.
На програмата утре вечер се елегични песни и мелодии со трио Имери/Арифовска/Кацарски, потоа следува настапот на „Калата“ и improof.
Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје Европска престолнина на културата 2028 година