Очигледно СДС нема попаметна работа па листа фотографии на социјалните мрежи и гледа кој се фотографирал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и од тоа фабрикува лажни вести.

Да им олесниме, Мицкоски има фотографии и со Димитар Ковачевски, на последната лидерска средба и со Али Ахмети. И двајцата за жал водечки во криминалот во државата.

Фотографијата со нив не значи дека Мицкоски го споделува нивниот криминал, но тоа секако дека значи дека тие и нивните пулени веднаш по нивната смена ќе одговараат за секој криминал.

Кога сме кај соработниците и блиските луѓе до власта, првиот братучед на Сашко Николов, поранешен градоначалник на Штип и финансиер на СДСМ е фатен како е дел од криминална банда рекетари, лихвари и изнудувачи.

Дали првиот братучед на најблискиот соработник на Ковачевски изнудувал и рекетирал поради блискоста и заштита која ја имал со Ковачевски?

Дали Ковачевски ќе се извини за овој скандал и дали е вистина дека братучедот на соработникот на Ковачевски рекетирајќи се повикувал на името на Димитар Ковачевски?



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2023 16:40