- Во ОУ „ Даме Груев“ денеска е отворена сензорна соба, дoнација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор “, а во рамки проектот инклузивни општини и со поддршка нa Германското друштво за меѓународна соработка, во соработка и ЗЕЛС.

На отворањето на сезорната соба градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски го искажа значењето од ваквите сензорни соби, кои придонесуваат за поттикнување и развивање на потенцијалите на учениците кои имаат потреба за работа во индивидуален или групен контекст.

Собата е целосно опремена со сите аудио визуелни и сензорно моторички реквизити, соопштија од Општина Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2023 01:03