Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР, во рамки на Проектот OHRID GO, организира Јавна расправа за „Физибилити студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – рекреативна зона“.
Расправата ќе се одржи на 15 овој месец во 12 часот во Големата сала на Општина Охрид.
Се покануваат сите заинтересирани страни да земат учество на презентацијата на драфт верзијата на Студијата и активно да учествуваат во нејзиното финализирање со свои предлози, сугестии и сл, велат од Општина Охрид.
Драфт финалната верзија на Физибилити студијата може да се преземете во електронска верзија на интернет-страницата на Оптшина Охрид