„Јас би кажал дека сите амандмани кои што се поднесени имаа за цел да ја зголемат економската ефикасност на економијата во Република Македонија, како и да ја поразбудиме Владата за да реализира што е можно повеќе капитални инвестиции. Не е преку леб погача, кога ние како пратеничка група ги поддржуваме барањата на синдикатите, на пензионерите, на граѓаните“, истакна пратеникот Бојан Стојаноски во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

„Откако Буџетот ќе пристигне во Собранието од Владата има дваесетина дена за да се запознае и јавноста и пратениците. Пристигнати се безброј маил адреси кои што синдикатите, работодавачите, различни групи на интересни заедници ги испраќаат до пратениците за да се поддржат тие амандмани. Ние имаме поддржано такви 15-16 амандмани, и тие се одбиени. Така да тука се гледа колку власта е заинтересирана за да соработува со опозицијата“, рече пратеникот.

Тој посочи дека едно десетина амандмани беа одбиени кои што беа предлог на О2 заедницата. Односно во Собрание има една неформална коалиција помеѓу сите пратенички групи каде што се застапуваат интересите на сите оние невладини организации кои што сте од аспект на заштита на животната средина и екологијата. И ниту еден амандман не беше прифатен.

„Не беа прифатени амандманите од аспект на транспортот, енергетиката, подобрување на социјалните услуги од страна на државата кон граѓаните. Затоа не можам да разберам бидејќи дел од одбиените амандмани беа истите оние кои што СДСМ ги имаше во сопствената програма која што ја понуди и на последните парламентарни избори“, укажа Стојаноски.

Стојаноски рече дека Буџетот не е развоен како и другите буџети што беа во претходните шест години.

„Оваа година има 733 милиони евра предвидени за капитални инвестиции во услови кога ќе има двојни избори и во услови кога четири месеци ќе не може да се реализираат капиталните инвестиции во полн ек. Тоа е директен доказ дека Владата оваа ставка за капитални инвестиции ја третира како бафер односно како ставка на која што има резервни средства за кои што секогаш кога ќе има некои трошења кои што ќе се непродуктивни, на првиот ребаланс овие средства се кратат“, појасни Стојаноски.

Тој нагласи дека за две години оваа Влада нема потрошено 730 милиони евра за финансирање на проекти.

„Во изминативе седум години не се реализираше доволно за да дадеме на некаков програмски документ епитет развоен“, посочи пратеникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2023 19:13