- Во рамки на програмата за одбележување на „Св. Матеј“ – Ден на даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска додели донација во Дом за доенчиња и мали деца-Битола.

Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска.

-Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници секогаш помагаме таму каде што е најпотребно. На оваа установа се што и е неопходно, постелнини, дубаци, витамини и слично, набавивме со наши парични средства, иако мислам дека и топла насмевка им е потребна на дечињата. Во иднина ќе продолжиме со исто темпо затоа што традицијата треба да ја одржуваме и тоа го правиме во пресрет на нашиот празник, денот на даночните работници „Св. Матеј“. Горда сум што водам институција која што првенствено е општествено одговорна, истакна Лукаревска.

Управата за јавни приходи секоја година донира производи, а во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола, по втор пат, односно во 2017 и во оваа 2023 година за што вработените на Лукаревска и доделија посебна благодарница.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2023 00:39