- Почна изградбата на првата памп патека во штипската населба Баби. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека со изградбата на оваа патека се заокружуваат и содржините во овој парк. Памп патеката е заедничка инвестиција на Општина Штип и Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ)-Штип.
-Проектот е шест милиони денари, од коишто 1,8 милиони денари се на ФРЛЗ, а останатите на Општина Штип. Станува збор за една содржина, којашто претпоставувам и се надевам дека ќе ги анимира најмладите генерации и тоа не само од населбата Баби, туку и од околните населени места, вели Јорданов.
Памп патеката е на површина од околу 1.000 метри квадратни, ќе биде целосно осветлена и со дополнителна зелена површина. Јорданов посочи дека ќе се постави и видео надзор во паркот во населбата Баби, со цел реквизитите, игралиштата бидат зачувани, а не да бидат мета на вандализам.