Наместо за целни мерки за развој, СДС троши милиони на поткуп, од кој народот нема да види никаков ќар.

Поткупот за избори од СДС преку таканаречени мерки за пензионерите, младите, студентите не ги решаваат нивните проблеми.

Пензионерите имаат потреба од трајно зголемување на пензиите, како што тоа го предвидува ВМРО-ДПМНЕ, а не по илјада или две за поткуп.

Студентите имаат потреба од достојни услови за живот, а не од некој денар повеќе за месец два.

Со СДС над половина милион луѓе живеат во сиромаштија.

Народот едвај преживува и потребен е сериозен развој, а не фрлање милиони за поткуп.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2023 17:26