„Партија со 12 пратеници да предлага премиер е поигрување со волјата на народот“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21

Тој вели дека се уште не одлучиле дали ќе влезат во Техничката Влада.

„Не сме одлучиле дали ќе учествуваме во техничката влада. Има аргументи за, има и против. Суштината е да се заштити изборниот процес, и во таа насока мора да размислиме. Последните сигнали не изгледаат добро. Извесно е дека сите очекуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ, и извесно е оваа владеачка структура ќе оди во опозиција, затоа што со СДСМ и ДУИ не планираме соработка. Таква паника ги има фатена што не фаќа сомнеж како ќе бидат спроведени изборите“, вели Николоски.

Според него, ДИК е во неполн состав, односно има четири члена од власта, и три од опозицијата.

„Третиот член од опозицијата во меѓувреме стана власт, и ова место останува празно. Согласно законот, во многу јасно утврдени рокови кои не се повеќе од еден месец требаше да се избере нов член на ДИК. До денеска се поминати година откако Алијанса е ддел од владата, нов член нема, и сега конкурсот го манипулира власта. Се збори предлогот на албанската опозиција, па сега се пратија предлозите до Талат Џафери, па Џафери ќе праќал писма, па повторно ќе го одложат процесот. ДИК не е потполна, и ова е само еден пример што нас не тера сериозно да размислиме дали власта сака да ги краде изборите? Можевме да го направиме Законот за влада имаше време. Сакам да им честитам на ДУИ, кој официјално потврди дека се тие главни во владата, а СДСМ е само подизведувач, приврзок“, вели Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2023 00:25