Во денешната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше Наќе Чулев кој што истакна дека МВР и ДИК се носители на изборниот процес а учеството на опозицијата во техничката влада е важно поради тоа што на тој начин опозицијата би имала свои контролори и надзор во тоа главно тело за организирање на изборите во рамки на МВР и механизми за да се спречат сите изборни манипулации и изборен поткуп.

„Поради злоупотребата на МВР како логистика за тие изборни нерегуларности или за директно вклучување на начин на кој што веќе се распределуваат полициски службеници на ним лојални, кои што ќе бидат вклучени во тие изборни нерегуларности на соодветни работни позиции, распишани се огласи за илјадници места за прераспоредување во очи на формирање на техничката влада, се вработуваат лица во МВР на големо ним подобни лица без никакво претходно соодветен образовен бекграунд и стручно искуство. Истовремено знаете дека во МВР пред секои избори поради тоа што изборите е комплексен процес а МВР е еден од главните носители за организирање на тој процес заедно со ДИК се формира републички оперативен штаб за изборите. Во ситуација кога би имале не учество во техничката влада тогаш опозицијата нема да има свои контролори и надзор во тоа главно тело за организирање на изборите во рамки на МВР“, нагласи Чулев.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2023 06:41