Во НУ Музејот на македонската борба за самостојност вечер ќе биде отворена изложбата „Милка Ефтимова” на авторот Василија Чали – соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Милка Ефтимова оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.
Музејот преку оваа изложба ексклузивно промовира дел од личните предмети кои се донација од професор Милка Ефтимова.
Изложбата ќе ја отворат директорката на Музејот, Даниела Николова и Александар Трајковски.