Во Скопје денеска беа доделени 206 договори на земјоделците за новата мерка „Бизнис план во земјоделството“. Договорите, кои се дел од Програмата за рурален развој за 2023 година, кои им се доделија на земјоделците корисници на поддршката се во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој се обрати на настанот, истакна дека стабилна и успешна држава е онаа која се потпира на сопствените ресурси. Потенцира дека токму земјоделците се тие кои овозможуваат нашата држава да се потпре на сопствените ресурси и да ги искористиме сите потенцијали и ресурси во корист на државата и граѓаните.

-Земјоделците со ова имаат можност да набават земјоделска опрема, како пчеларска опрема, силоси, опрема за објекти за производство за на храна од животинско или неживотиснко потекло, комбајни и широка лепеза на друг тип опрема, рече Ковачевски.

Министерот за земјоделство Николовски истакна дека од 206 договори, 121 договор се млади земјоделци.

-Значи, 121 млад човек ќе се потпише, а од 206 договори исто 121 се жени, така што фокусот којшто го ставаме на младите и жените еве се потврдува со докази и со факти дека тие се заинтересирани, дека агросекторот расте и дека се подмладува и дека жените се се’ повеќе заинтересирани за земјоделското производство, рече, меѓу другото, Никоиловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2023 18:03