Петнаесет изложувачи од Битола на Саем на креативни индустрии, презентираат производи и услуги, модни брендови, накит, паричници, маркетинг решенија и друга понуда.
-Битолчани може да видат оригинален накит La Maison-Менче накит, производи од Солак Галерија, услуги од агенцијата Нова Солушнс, учесникот Димитар Бежановски ќе приреди презентација на изработен робот, Mary’s Handmade презентираат изработен накит од епоксидна смола, претставници на Еду-Академија ќе приредат лего едукација за деца од 4 до 12 години, а посетителите може да погледледнат изложба на волнени производи, кожени ракавици, свеќи, новогодишни честитки и облека од дизајнерот Благој Мицевски, како и друга културна понуда, посочи Верче Ѓозева, претставник на Балкан Синема Сити, организатор на саемот во Битола Ѓозева.
Саемот на креативни индустрии треба да овозможи поголема препознатливост на брендовите и нивна употребливост, нагласија организаторите на културниот настан во Битола.
-На саемот промовирам модуларен робот со различни функции и потреби, но пред се да се користи како едукативна платформа за ученици и студенти. Мотивот за изработка на роботот беше едноставен, сакав нешто ново да направам, а имам искуство од 3Д моделирање. Сега се одлучив да презентирам нешто ново затоа што верувам дека овие решенија се корисни за разни непристапни средини, за обезбедување на објекти, но најмногу од се за едукативни цели, истакна Димитар Бежановски, програмер од Битола.
Саемот на креативни индустрии се одржува во битолскиот Офицерски дом и е поддржан од Министерството за култура