Околу 150 навивачи на холандски Ајакс и грчки АЕК се упасени во Амстердам поради уништување на инвентарот во градското метро пред натпреварот одигран изминатата вечер во рамки на последното коло од групната фаза во фудбалската Лига Европа.

Навивачите на холандскиот и на грчкиот клуб се судриле на пат кон стадионот на постојка во метрото на излегување од возови кои застанале еден наспроти друг.

Освен во подземната железница, навивачи на Ајакс и АЕК се судриле и во центарот на Амстердам.

Ајакс го совлада АЕК со 3-1 и како третопласиран во групата Б што му донесе пласман во шеснаесетфиналето во Конференциската лига, додека грчкиот тим заврши на последното место и ги заврши настапите оваа сезона на европската сцена.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2023 20:02