Се уште нема пристигнато најава за средба со Ковачевски, а одлуката за учество на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада ќе се носи наредната недела, информираат од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека наскоро ќе има средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за техничката влада.

Членови на највисокото раководство на партијата во различни изјави за медиумите посочија дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за учество во техничката влада, иако има и мислење дека доколку не се дел од таа влада што ќе ја предводи Талат Џафери, нема да има контрола што ќе се прави, изразувајќи сомневања за можни изборни злоупотреби.

Премиерот Ковачевски, пак, неколку пати посочува дека учеството во техничката влада е законска обврска која произлегува од Законот за Влада и од Изборниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2023 20:12