Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност.
Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот „Безбеден град“ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле И за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче - заминал со него. (!?!?)
Прво, излажа дека не знаеле за возилото и
Второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава?
Кога лажеше Спасовски?