Жители од гостиварските села Долна и Горан Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од спроведувањето и постапките за изградба на Коридорот 8 кој според најавите минува низ нивните атари. Тие ја информираа јавноста дека почнале да добиваат покани за да подигнат решенија за одземање на земјиште, а претходно не биле информирани за какви градежни работи ќе се користи. Дел од нив сметаат дека цената за експропријација на нивите е пониска од реалната.
Насир Асипи, на собирот се обрати во името на жителите и појасни дека дека поднеле барања до надлежните институции, но досега никој не им дал одговори.
- Се соочуваме со низа проблеми, бидејќи живееме во средина каде секој втор се минира и слушаме експлозии и ова навистина не загрижува. Сакаат да ни одземат ниви од кои двете села векови живеат од нив, а на некои земјоделието им единствен приход. Сега се соочуваме со насилно одземање на нивите по одредена минимална цена, а ние тоа нема да го дозволиме, изјави Насир Асипи.
Тој појасни дека површината на патната оска која треба да минува низ овие села од Коридорот 8 е 130.000 метри квадратни, а треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште. За оваа намена предвидено е да се доделува како обешететување 650 денари за метар квадратен. Тоа според Хасипи не е вредноста, бидејќи како што вели жителите не се согласуваат ниту за цена која би била десет пати поголема.
Жителите на протестот упатија барање и дадоа рок на институциите до вторник во наредната недела да им дадат одговор, во спротивно се закануваат дека ќе го блокираат секој пат за движење на возилата од компанијата „Бехтел и Енка“ која ги изведува работите во коридорот 8.
- Доколку не се преземат мерки од Владата и од надлежните институции, предупредуваме дека сите патишта кои минуваат низ нашите атари ќе бидат блокирани за вработените во компаниите, рече Насир Асипи на протестот.
Тие покажаа решенија на кои е наведено дека имаат 15 денови за да ги обжалат.