Културно уметничкото друштво „Илинден“-Битола, вечер во големата сала на Центар за култура со повеќе од 240 ираорци, ќе го изведе традиционалниот годишен концерт кој оваа година е со наслов „Од ко ќе удре с”нце, дур до мрак“.
Програмата ќе биде отворена со сценската адаптација на песни и игри од Леринско Поле „На панаѓир“, чиј автор е м-р Валентин Соклевски, а на сцената ќе бидат изведени и уметничките дела „Три години Спиро“, „Моштенки“, „На бачило“, „Чучук“ и „Црногорка“.
Вечер пред битолската публика ќе бидат изведени и кореографиите „Ратевка“, „Малешевка“ и сплет игри и песни од Источна Македонија.
Гостин на ансамблите на КУД „Илинден“-Битола е професорот на труба Илија Стојаноски, а пред вечерниот концерт, во 17 часот ќе настапат детскиот и младинскиот ансамбл, како и дел на школата за изучување на традиционални инструменти на КУД „Илинден“-Битола.