Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“. Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:

1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено?

2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија?

3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2023 18:23