Со СДС добивме за 50% поголема инфлација од земјите во ЕУ и раст на БДП по глава на жител двојно помал од земјите во регионот.

Во ЕУ инфлацијата е 4.3%, во Македонија 6.6%

Заради СДС 600 илјади наши сограѓани живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади во екстремна сиромаштија.

Откако е СДС на власт БДП по глава на жител во Македонија пораснал само 20%, додека во земјите од регионот од БИХ до Албанија, преку Србија, Косово и Бугарија и за над 50%.

Со СДС Македонија ја поминаа сите, и станува бетонирана на дното.

Државниот апарат го претворија во систем за поткуп, наместо за служба на граѓаните.

Самиот факт што СДС се фали дека ќе спроведува поткуп е доволен доказ дека се потребни корените промени. СДС мора да си замине.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2023 23:10