Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објасни зошто Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во шест земји на три континенти.
Џани Инфантино беше запрашан дека овој формат на турнирот води до губење на идентитетот на Мундијалот.
- Шпанија, Португалија и Мароко се пријавија, но и јужноамериканските земји го сакаа турнирот, со оглед на годишнината од првото Светско првенство, кое се одржа во Уругвај во 1930 година. Сто години светски првенства се добар аргумент. Кога студирав право во Фрајбург ми остана во сеќавање една мисла „лош договор е подобар од спор“. Сега имаме добар и широк договор. Сите се задоволни од оваа одлука, вклучително и земјите од Јужна Америка. И ова не беше моја одлука, туку едногласна одлука на Советот на ФИФА, во кој се застапени сите конфедерации. Не може да биде подобро, рече Инфантино.
Фудбалскиот Мундијал во 2030 година ќе се игра во Аргентина, Уругвај, Парагвај, Шпанија, Португалија и Мароко.