- Со проекција на филмот „Кафе“ од иранскиот режисер Навид Михадуст синоќа во Кинотека почна специјалната програма на „Киненова“.
На проекцијата на филмот, со видео порака се обратила сестрата на режисерот Навид, Неда Михадуст, информираат од „Киненова“.
Таа посочила дека приказната за филмот „Кафе“ е слична со она што му се случило на нејзиниот брат во Иран.
- Државните органи за прогон во Иран, го повикаа мојот брат да соработува со нив, барајќи од него да биде во контакт со прочуената иранска новинарка и активист за женски права Масих Алинежад, за која тој снимаше филм во 2009-та година. Тој одби да соработува со нив и наместо тоа се надмудруваше со правосудниот систем за да купи уште малку време и да го направи филмот „Кафе“ што беше еден од неговите соништа за да ги прикаже сите неправди кои се случуваат во неговата земја Иран, рекла Неда Михадуст.