Во животот, секој сам бира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец. Јас, како жена, одбирам да се борам!

Министерке Петровска, се гледаме на суд!

Дегутантна е состојбата кога Славјанка Петровска популарноста ја бара преку вакви потези, наместо преку работата за која ја плаќаат граѓаните.

Така што, им препорачувам на СДС и Славјанка Петровска, кои политички го изгубија тлото под нозете, да не се надеваат дека затскривајќи се зад Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, ќе не дефокусираат или исплашат. Одговори баравме и ќе бараме, иако тие одбираат да молчат.

Дополнително, Славјанка треба да знае дека образованието на личноста секогаш се провлекува низ работата, како што мене (а, се надевам и нејзе) правниот факултет ми влијае врз речникот и начинот на изразување. Сепак, во духот на коректноста која како човек ја имам, и препорачувам на Славјанка да си го провери правниот тим кој ја советува на вакви правни небулози.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2023 18:05