- Општина Штип орденот „Свети Никола“ постхумно ќе го додели на македонскиот поет и револуционер Ацо Шопов, објави шефот на кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Трајче Здравков. Одлуката за орденот „Свети Никола“ ја носи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Признанијата „Свети Никола“ ќе бидат врачени на универзитетскиот професор, Зоранчо Малинов, ученикот Марио Ванчовски, Лина и Драган Костадинов и Ротари клубот – Штип. Општина Штип ја најави програмата со која градот ќе го чествува својот патрон, заштитникот Св. Никола. Традиционално и годинава активностите ќе се случуваат во Соборниот храм „Свети Никола“.

-Со одбележувањето на патрониот празник „Свети Никола“ ќе започнеме вечерва во 17 часот со вечерна литургија, во 19 часот продолжуваме со доделувањето на Орденот „Св. Никола“ и признанијата „Св. Никола“. Оваа година Орденот постхумно ќе го добие великанот Ацо Шопов, а ќе го прими неговата ќерка, г-ѓа Јасмина Шопова, а ќе доделиме уште четири признанија, едното е за Зоранчо Малинов, наш сограѓанин-професор, потоа Марио Ванчовски, ученик од Гимназијата „Славчо Стојменски“, Лина и Драган Костадинови и Ротари клуб – Штип. Тоа се овогодишните добитници, рече Здравков.

Чествувањето на патрониот празник „Свети Никола“ ќе продолжи и на самиот ден, 19 декември, со литијата, а со светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан, во сослужение со повеќе Архиереи од МПЦ ОА. За време на литургијата ќе бидат изнесени на поклонени и дел од светите мошти на „Свети Никола“.

-По завршувањето на утринската литургија, продолжува литија од Соборниот храм до плоштадот „Слобода“, каде што ќе биде пресечен славскиот колач од Владиката, г. г. Стефан, и градоначалникот, Иван Јорданов. На 20 декември по повод 100-годишнината од раѓањето на великанот Ацо Шопов, ќе биде положено букет цвеќе на неговата биста, изјави Здравков.

Признанијата и орденот се доделуваат согласно со Одлуката на Советот на Општина Штип од 2009 година. Празникот е меѓу една од помасовните куќни слави, а Штип светецот го смета за свој заштитник, денот кога се празнува, пак, 19 декември, е празник на градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2023 20:07