Премиерлигашот Ливерпул остро го осуди нападот врз клупскиот автобусот со кои играчите на Манчестер јунајтед допатуваа на „Енфилд роуд“ на вчерашното прволигашко дерби (0-0) и побара казни за виновниците.

Во соопштението на Ливерпул се наведува дека секој навивач кој ќе биде прогласен за виновен за фрлање шишиња и други предмети вфз автобусот на Манчестер јунајтед ќе се соочи со сериозни последици.

На видео објавено на социјалните мрежи може да се види како рака држи стаклено шише, по што се слуша повик „ајде“ пред шишето да го погоди автобусот во кој се наоѓаа гостинските фудбалери.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул ги осудува делата кои доведоа до оштетување на автобусот на Манчестер јунајтед на пат кон Енфилд. Свесни сме дека снимки од интернет циркулираат на интернет и соработуваме со полицијата во истрагата и идентификување на одговорните“, се посочува во клупското соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 05:03