Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Англија (ФА) го казни вечерва Манчестер сити со 120.000 фунти поради неспортски однос на неговите фудбалери кон главниот судија за време на неодамнешното премиерлигашко реми (3-3) против Тотенхем.

„Манчестер сити е обвинет за кршење на правилото Е20.1 на ФА. Во 94. минута од натпреварот клубот пропушти да обезбеди неговите играчи да не се однесуваат несоодветно“, соопшти ФА.

Казната доаѓа откако при резултат 3-3, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, иако беше фаулиран, успеа да ја проследи топката на противничката половина до Џек Грилиш, кој имаше отворен простор кон голот на Тотенхем. Судијата Сајмон Хупер не почитуваше предност и одлучи да ја прекине акцијата и да досуди слободен удар за Сити.

Судиската одлука предизвика реакција на теренот од играчите на актуелниот англиски првак. ФА отвори истрага за инцидентот која резултираше со висока парична казна



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 05:16