Видовме сега на последниот Европски совет дека ако се има политичка волја многу ставови можат да бидат поразлични, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на МРТ 1.

„Ние зборуваме за принципи, ние не зборуваме за кој кого нападнал и како нападнал. Апсолутно го поздравувам потегот што се случи со Украина, Молдавија и Грузија затоа што на тој начин Европската Унија покажува и дава знак дека стои позади своите сојузници, пријатели и дека апсолутно е решена до крај да се бори против руската агресија во Украина“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски уште еднаш укажа дека тој чекор е храбар од страна на Европската Унија.

„Ценам дека е исклучително храбар чекор од страна на Европската Унија и го поздравувам, но истовремено очекувам овие 23 години со многу внатрешни проблеми и поделби како држава што ние ги имаме но факт е дека што се однесува до посветувањето кои го имавме кон европските вредности и тоа што се бараше од нас како народ и како држава направивме многу повеќе од колку сите заедно нови членки на ЕУ“, заклучи Мицкоски



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 07:00