ДУИ и СДС од зелена агенда преминаа на изградба на бетонска џунгла во Алумина. Впрочем пратеникот од владеачкото мнозинство и омилен градежник во општина Карпош, Пуцко Петрол со помош на своите политички пријатели, запнале по секоја цена да го протуркаат ДУП-от со кој ќе му се овозможи бизнис од 600 милиони евра.

Граѓаните велат не за ваков ДУП, експертите велат не, јавноста вели не, само градоначалникот на Карпош и бизнис коалицијата ДУИ-СДС вели да. За чиј интерес работи оваа екипа? За интересот на граѓаните, очигледно не, туку само за нечии тешки бизнис интереси.

Очигледно дека политичкиот пазар кој го гледаме во изминатите месеци, реториката која ја слушаме, а кој пред се е насочена против ВМРО-ДПМНЕ, има и дебела бизнис позадина. ДУП-от кај Алумина носи големи бенефити на многу функционери, не само на бизнис империјата на Пуцко Петрол. Оној функционер кому му се помили бизнисите на еден градежник од типот на Пуцко и е спремен да изигрува портпарол на градежната компанија, почесно е да си поднесе оставка и наместо да биде платен со народни пари нека го плаќаат со пари од компанијата, а за возврат нека им црта зградички и нека им прави хвалоспеви.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 19:01