Фудбалерите на бразилски Флуминенсе изборија пласман во финалето на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналниот дуел во Џеда триумфираа над египетски Ал Ахли со 2-0.
Стрелци на головите беа Џон Ариас од пенал во 71 минута и Џен Кенеди во 90 минута.
Натпреварот го одбележа и бразилскиот играч за врска Фелипе Мело кој со 40 години стана највозрасниот фудбалер на теренот во историјата на светските клупски првенства. Досегашниот рекорд го држеше Италијанецот Паоло Малдини, кој во 2007 настапи на 39-годишна возраст.
Јужноамериканскиот првак во финалето, кое е на програмата на 22 декември, ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу европскиот првак Манчестер сити и азискиот шампион Урава.
За Флуминенсе тоа ќе биде прво финале на Светското клупско првенство.