Италијанскиот фудбалски Суперкуп ќе се одржи во јануари идната година во Ријад во Саудиска Арабија за првпат со учество на четири екипи, објави Серија А по синоќешното собрание во Милано.

Тоа ќе биде 36. издание на „Supercoppa Italiana“, а ќе настапат шампионот Наполи, вицепрвакот Лацио, победникот на Купот, Интер и финалистот во Купот, Фиорентина.

Првото полуфинале меѓу Наполи и Фиорентина е на распоредот на 18 јануари, ден подоцна ќе играат Интер и Лацио, а финалето е закажано за 22 идниот месец.

Сите натпревари ќе се играат на стадионот Ал – Авал Парк.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 20:25