Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе истакна дека се уште се консултира со соработниците за нивно учество во Државната изборна комисија, бидејќи се уште не е избран член од опозицијата во ДИК.

-Јасно дефинираната опозиција, во условно кажано албанскиот блок гледаме дека не може на пристоен начин да номинира член во рамки на ДИК. И морам да признам ако продолжат вака да се однесуваат, се уште се консултирам со соработниците, но мислам дека нема што ни ВМРО-ДПМНЕ да бара во работата на ДИК. Тогаш нека си спроведат избори ДУИ, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Спасовски, па да видиме како ќе личат тие избори. Затоа што од самиот почеток гледаме дека некој се обидува да имаме нелегитимен и нелегален изборен процес. Нека си спроведат избори Артан Груби, Османи, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите ние нема што да правиме, изјави Мицкоски.

Што се однесува за учеството во техничката Влада, Мицкоски истакна дека во рамки на партијата ќе се одржат состаноци за учество во техничката влада а негов предлог ќе биде да номинираат личности кои ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во периодот кој што следи ќе се обидува да создава проблеми и да ја украде волјата на граѓаните.

-Периодов кој што следи ќе имаме состаноци во рамки на партијата извршниот и централниот комитет, тој е мој став ќе видиме сега како понатаму како ќе се развива тоа, каков ќе биде ставот на ИК и ЦК, ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада откако претходно понудивме да се интервенира законски да се избрише овој имплант кој што според нас, а и според многу уставни експерти, е спротивен на устав, но ете од страна на владата тоа беше одбиено и тие рекоа дека еве од следните избори, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски најави дека укинувањето на техничката Влада ќе се направи после изборите.

-Во имe на тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам законски измени во рамките на Парламентот еве од 01.01.2025 или 2026 година овој имплант биде избришан од законот и веќе следните парламентарни избори да се случат без овој имплант техничка влада но веќе кога е законска обврска мојот предлог ќе биде да номинираме личности кои ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во изминатиот период, но и во периодот кој што следи ќе се обидува по три основи да создава проблеми. Првиот е немилосрдно да ги троши буџетските средства, на тој начин да идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има потешкотии во работењето и да се соочи со неликвидност на државниот буџет и безмислосно ќе ги трошат буџетските средства, рече Мицкоски.

Прашан кои ќе бидат кандидатите на ВМРО ДПМНЕ за министри за внатрешни работи и социјални работи во техничката Влада, Мицкоски со одговор прво да завршат состаноците на органите на партијата, по што ќе излезат со јасен став по ова прашање.

-Со став којшто ќе произлезе од самата структура и потоа можеме да дискутираме повеќе, односно да ги знаеме имињата и предлозите, рече Мицкоски по посетата на Свети Николе по повод патрониот празник на градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 21:26