Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со тим од партијата денеска оствариле средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) за Македонија Роберт Скот Хајзлет, соопштија од партијата.

- Особено сме горди што денес ВМРО-ДПМНЕ и НДИ потпишаа Меморандум за соработка со што уште еднаш ја потврдивме меѓусебната соработка, се вели во соопштението.

На средбата било разговарано за програмата на НДИ „Победи со интегритет“, која во идниот период заеднички ќе ја реализираат. Воедно, се наведува во соопштението, упатиле благодарност за одличната соработка која ВМРО-ДПМНЕ ја има со Националниот Демократски Институт, како и за придонесот што Институтот го дава за унапредување на демократијата во Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 22:55