Министерството за здравство информира дека министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски склучија договор за пренамена на средства од Министерството кон Општината за реконструкција на Амбуланта Илинден при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Станува збор за инвестиција во вредност од 16 милиони денари, од кои 8 милиони денари се обезбедени од Министерството за здравство, а останатите 8 милиони денари од Владата на Република Северна Македонија.

Министерот Меџити истакнува дека со подобрувањето на инфраструктурата на амбулантата во Илинден вработените ќе добијат помодерни и посовремени услови за работа, а пациентите подобар квалитет на здравствена заштита.

Би сакал да истакнам дека во изминатиот период вложуваме и правиме позитивни промени во јавното здравство. Покрај инфраструктурното зајакнување, како никогаш досега вложуваме во набавка на нова медицинска опрема, едукација и мотивација на здравствениот персонал, како и во набавка на нови лекови. И во следниот период ќе продолжиме неуморно со истото темпо, со крајна цел задоволни здравствени работници и задоволни пациенти. На крајот, упатувам благодарност до Владата за одлуката за пренамена на буџетски средства на институциите коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во најголем дел општини низ целата држава“, вели Меџити.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 22:59