Денешната изјава на Меџити дека ЌЕ набавувал возила за итна помош е “најголема лажна вест во историјата на државата” и воопшто не кореспондира со фактичката состојба, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите говорат дека најголема набавка во историјата на Македонија за возила на итна медицинска помош е реализирана во 2012 година кога беа набавени 70 возила за итна медицинска помош. Истите беа опремени со ЕКГ апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема кои ги задоволуваа најновите еколошки стандарди. Конкретно, набавката се состоеше од 69 комплетно опремени амбулатски возила – подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило.

Четвртиот министер за здравство, Фатмир Меџити тера гол пиар со празни флоскули кои по учебник всушност значат само неработа и негрижа.

Неговите омилени фрази ЌЕ, како никогаш досега паѓаат во вода и ваквите празни “ќе” флоскули на граѓаните им се повеќе од јасни затоа што не можат да дојдат до основна здравствена услуга, нема ниту основни лекови, се затвораат цели оддели заради долгогодишна негрижа за специјалистичкиот кадар.

Меџити да внимава кога толку лесно се расфрла со празни пиарски флоскули, а пред се да не шири лажни вести, особено не кога станува збор за факти кои се лесно проверливи, велат од Комисијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2023 23:20