Заврши новогодишното украсување на Куманово, информираше денеска градоначалникот, Максим Димитриевски. Годинава за новогодишно украсување одвоени се три милиони денари.
- Централното градско подрачје на Куманово повторно светна во новогодишно руво. Во минатото се ангажираа компании за украсување, по што истите си ги земаа назад украсите бидејќи се нивна сопственост. Веќе две години по ред Општината украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години, при што постојано ќе се зголемува бројот на украсни елементи, секоја година, се поубави и поубави, објави Димитриевски.
Новина е што годинава е украсен малиот градски плоштад со изненадување за најмладите со интересни светлечки декорации.
Претходно, директорот на ЈП „Куманово Паркинг“, Сашо Петрушевски, информираше дека и лани и годинава ќе биде ангажирана компанија која ќе се грижи за новогодишната декорација.
- Лани ангажиравме агенција. Имаше мали оштетувања, но бевме добро организирани и годинава исто ќе постапиме за таа проблематика, кажа Петрушевски.
Оваа година ќе бидат украсени само плоштадите, не и улиците, булеварите како што беше пракса изминативе години кога Куманово изнајмуваше украси, но од лани надлежните се одлучија да набават свои украси ќе останат во сопственост на градот.