Англискиот фудбалски прволигаш Нотингем Форест му врати денеска отказ на тренерот Стив Купер, пренесува Би-Би-Си.
Нотингем Форест се одлучи на овој чекор по серијата очајни резултати и петте порази на последните шест натпревари.
Купер (43) седна на клупата на Форест во септември 2021 година и следната сезона успеа да му донесе на клубот пласман во Премиер лигата прв пат по 23 години.
Според британските медиуми, најсериозен кандидат за наследник на Купер на тренерското столче во Нотингем Форест е поранешниот португалски стратег на Вулверхемптон Нуњо Еспирито Санто.
Нотингем Форест во моментов е на 17. место на табелата во Премиер лигата со 14 бодови.