Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2023 година (четврток), Ден на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението, на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2023 18:59