Прво да поздравам што на овој начин дискутираме во рамки на националниот совет и комисијата за европски прашања за жал од рационални причини не бевме во можност пред некаде десеттина дена да го одржиме консултативниот состанок пред да се завршат овие документи како би имале и наш посериозен импут во составувањето на овие документи, но се надевам дека во иднина ќе бидат надминати овие процедурални пречки пред се во делот на одржување на комисии кои што се од затворен карактер се со цел да можеме пооперативно работиме не само да коментираме од како ќе се заврши.

Два дела сакам да споменам, прво во однос на планот за раст апсолутно мислам дека е добар механизам кој што ЕУ го предлага за сите земји од Западен Балкан затоа што основните две причини зошто луѓето сакаат од регионот да се зачленат или да се приближат до ЕУ е владеењето на правото и економскиот раст, односно подобриот животен стандард.

И тука мислам дека треба да сме паметни како држава и како општество да ги искористиме овие средства со цел да поттикнеме раст во рамки на државата, мислам дека ова ниво на раст во државата не држи далеку од било што би се нарекло европски стандард, мора да работиме поинтензивно на подобрување на инфраструктурата и патна и железничка, мора да работиме поинтензивно на подобрување на комуникациите на дигитализација, но исто така и на давање на шанса на приватниот сектор ние сме мала држава, извозот мора да е основа на развојот на приватниот сектор без разлика дали се работи на производство или за интелектуални услуги мора да работиме на поттикнување на извозот доколку сакаме да имаме цврсто и стабилно стопанство во Македонија.

Сега сето ова е поврзано со владеењето на правото и за тоа нели има исто така патоказ за реформи туку мислам дека Македонија нема со што да се пофали за жал во државата со години корупцијата цвета економијата тоне тоа е константа која што можеме да ја видиме и јас останувам на она што го зборувам со години го зборувам и во овој период дека основна причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со ЕУ е високото ниво на криминал и корупција.

Односно државата има слабо досие, има досие со кое што не може да се пофали пред голем број земји членки на ЕУ истите не вршат притисок врз Бугарија и Бугарија буквално се изживува врз Македонија наметнувајќи бескрајни услови кои што гледаме дека од ден во ден се зголемуваат зависно од тоа како има политички потреби во Бугарија.

Но тоа го прават така затоа што никој не им врши притисок да не го прават обратното а гледаме дека доколку се направи политички притисок тоа го видовме и на последниот состанок на Европскиот Совет апсолутно можат да се променат овие работи и како што често велам ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ ние имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и има соодветни механизми со кои што и самата ЕУ но и земјите членки можат да направат притисок врз Бугарија доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори но за жал неколку големи земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори пред се и заради високото ниво на криминал и корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото.

Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат.

10 до 15 проценти во институциите се супер корумпирани останатите се чесни луѓе кои што сакаат да си ја работат работата и доколку им се даде шанса да ја работат својата работа јас сум убеден дека првите резултати ќе се видат за само шест до девет месеци. Ова е нешто со кое што дел од моите политички опоненти знаат и да се потсмеваат но јас сум убеден дека за 6-9 месеци работите можат да се средат или да почнат да се средуваат во Македонија во делот на борба со организираниот криминал и корупција и воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото.

Нема да одземам повеќе време затоа што претпоставувам ќе сакаат повеќе луѓе да се јават, благодарам и продолжуваме со дискусијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2023 19:55